Јун282010

5 места за ваша инспирација

design_inspiration
Сите ние имаме по неколку веб страни меморирани во омилени како страни за инспирација. Истражувањето е важен дел од секој проект. Пред да започнеме веднаш со работа во Фотошоп на пример мора според насоките добиени да бараме инспирации и свежи идеи. Подолу направив листа на 5 познати веб страни од каде може да се инспирирате.

Јун272010

Молив + фотографија = уметност

Pencil_prva
Пред некој ден нa behance.net, одличен сајт за инспирација (во некоја наредна статија повеќе сајтови за ваша инспирација) видов одлични креации од Бен Хајне. Дизајнер во подем, кој користејќи техника на скечирање со молив врз парче хартија, кое го држи врз некоја фотографија, прави една целина, со два елементи, со две техники...и се добива интересна комбинација која ја нарекува „Молив против Фотоапарат“ .Креативно инспиративно. Погледнете на повеќе за што станува збор.

 
Јун242010

Durex - секси маркетинг

durex_prva
Durex е најпознатиот бренд на кондоми во светот. Број 1 неколку години во најголемите земји во светот, со исклучок на Америка, каде број еден е Тројан. Името е добиено од Durability, Reliability, and Excellence, иако на „клиентите“ повеќе им се допаѓа During Sex Smile  Durex отсекогаш имале секси и провокативен маркетинг, видео или принт. Денес одвоив 20 најсекси реклами. Клик на повеќе за сите.  

 
Јун182010

Дизајни инспирирани од Светското

fifa_prva
Светското првенство како настан од светски рамки, со огромна гледаност и популарност, привлекува луѓе од сите професии и профили. Секој на некаков начин си се наоѓа, посебно што овој Мундијал е на црниот континент. И дизајнерите се инспирирани од оваа глобална треска, посветуваат време и креативност во дизајни поврзани со Светското првенство. На повеќе се наоѓаат неколку креативни дизајни поврзани со Светскиот Куп 2010та.

 
Јун112010

Креативни пакувања кај алкохолните пијалоци

alcohol_prva
Се повеќе ќе забележите по рафтовите производи со уникатен и креативен дизајн на пакување. Маркетинг агенциите се повеќе одвојуваат посебно внимание кон пакувањето отколку за реклами на пример. Знаат дека многу често пресуден фактор за купување на некој производ понекогаш е токму неговото убаво пакување.
Во овој пост конкретно пакувањето и дизајнот на етикетите на алкохолните пијалоци. Сите ние имаме некој омилен пијалок, не мора да сме зависници :) дали поради вкусот, пакувањето или нешто трето, кај нас оставиле впечаток. Направив селекција од 40 феноменални пакувања на алкохолни пијалоци од целиот свет. Кој е според вас најдобро дизајниран домашен пијалок? Дали пакувањето е пресудно за вас? Можете да одговарате во коментарите најдолу.

 

Страница 21 од 22

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons