Мај122011

Музички веб страници

prvap
Музиката е сигурно дел од вашето секојдневие. Уште повеќе ако не можете без неа, сигурно денот не може да ви помине без музика. Без разлика дали на слушалки, во кола, на работа, пред компјутер, дома...си имате омилени артисти и албуми кои секогаш се со вас. Доколку често посетувате концерти и фестивали сигурно за турнејата дознавате од нивните официјални веб страни. Само мал дел од подобрите веб дизајни на светски рок групи, од класичните до денешните хард рок, а и неколку наши музички групи.

Апр062011

Играјте eRepublik (промо текст)

pr
еРепублика или eRepublik е најактуелната и најиграната стратегиска игра во Македонија и пошироко. Играта не треба да се купува или пак да се симнува таа се игра директно преку вашиот интернет пребарувач. Во оваа игра вие можете да војувате со другите членови на играта  од другите држави (пример во моментов еМакедонија војува со еИталија). Војувањето е наједноставната работа во играта,но затоа тука се новинарството,управувањето со фирмите, можете да бидете претседател на еМакедонија, министер, конгерсмен, да гласате закони или пак да предложувате закони, да учествувате во некоја воена единица итн.

 
Мар042011

10 уникатни веб дизајни

PRVAArtAttack
Во веб дизајнот се повеќе се избегнуваат стандардните непишани правила за мени, навигација, содржина, распоред, фонтови, класичните елементи и сл. Се повеќе, баре таму каде што дозволува темата, дизајнот е уникатен до тој степен што изгледа како нацртано со слободна рака на лист хартија. Со тоа не се додава нешто свое и уникатно на вашето онлајн присуство. На повеќе погледнете 10 одлично дизајнирани веб страни.

 
Фев152011

10 страници за бесплатни вектори

PRVAvector_sitee
Сите дизајнери кои користат најмногу векторска графика знаат вектори секогаш ни фалат. Колку и да имаме база на векторски ресурси, понекогаш ни треба итно а екстерниот хард не е со нас. Интернетот е една огромна џунгла и навистина е тешко понекогаш да најдеме она што ни треба. Затоа решив да споделам со вас 10 одлични сајтови за бесплатни векторски елементи кои може слободно да ги користите.

 
Ное122010

Apple веб навигација - FREE

PRVAapple-navigacija
Веб страницата на Apple од секогаш била пример за крајно минималистички дизајн и пристап, а максимално ефективна. Како и стилот на нивниот хардвер, софтвер...така и веб страницата го задржува истиот концепт. Многу пати до сега клиентите како референца и пример за нивен фаворит ја земале токму страната на Apple, посебно лесната навигација и менито со копчиња. Токму тоа го имате бесплатно за преземање.

 

Страница 1 од 3

Copyright 2012. Powered by danijanev.com