Уникатни маички отсега и кај нас

Пред неколку недели твитнав за тоа дека се спремам нови дизајни на маички, со оригинална македонска тематика, и навистина се изненадив од тоа колку заинтересирани имаше. После неколку дневни консултации за дизајни, бои, големини и нивна подготовкам одлуката е донесена. И така, од денес дел од моите дизајни на маички ќе може да ги најдете во Ultradesignshop во Скопје. За сите кои не знаат, Ultradesign е специјализиран шоп за маички, кои нуди уникатни, квалитетни и несекојдневни дизајни, и кој се издвојува од сите останати веќе видени и познати клишеа од дизајни. И што е најбитно, сето ова по навистина ниски цени. Погледнете на повеќе дел од дизајните.
„Животински“ маички

Прво да разјасниме дека не станува збор за маички од животинско потекло, туку со апликации на животни :) И тоа не било какви апликации т.е. монтажи. Целата маица е со текстура од самата кожа, а на предната страна во целост во огромни пропорции се наоѓа главата на животното. Изгледаат толку реално со "overall" принт. Креативна идеја за пример мерч во зоолошка или изложби на кучиња.
Црно-бели маици

Кит Велш го започнал овој неверојатен проект на почетокот на 2010та, а негова цел било секој ден да дизајнира по една маица, значи вкупно 365 маици. Се започнало од обична опклада, за крај да заврши како успешна мисија која деновиве ја гледаме. Карактеристично е тоа што сите маици се „црно-бели“, односно бојата на маицата е црна или бела, се со цел до полн сјај да дојде дизајнот т.е. апликацијата. Од типографски, со животни, комични, саркастични...едно за сите е што се едноставни, а сепак оставаат голем впечаток. За наредните негови луди идеи и проекти следете го на Твитер. На повеќе се само дел од најдобрите.
Креативна типографија на маици

Денес за вас најдобрите типографски маици. За сите типо гикови вљубеници во буквите, знаците и нивно едитирање. Сигурно ќе бидете добиете инспирација да си направите своја.
Гејмерски маици

Покрај сите маици за дизајнери, за гикови...на ред дојдоа гејмерите. Селектирав само мала колекција на дел од нив. Некогашните легендарни аркадни нинтендо игри никогаш не излегуваат од мода :)
Страница 1 од 2
