Јун132010

best_prva
Светското фудбалско првенство е во полн ек. Овој пат ќе ги погледнеме најдобрите и најлошо дизајнирате дресови на националните тимови. Веќе имавме прилика да видиме неколку и сигурно имате свој фаворит и омилен дрес. Селекцијата е направена со еден примерок, т.е. до домашни или гостински бои, во зависност кој е подобар односно полошо дизајниран. Следуваат по 5 одлично дизајнирани и 5 не толку добро дизајнирани национални фудбалски дресови.

5. Нов Зеланд
Одличен минималистички дизајн. Без бои, без непотребни ефекти, остар и остава голем впечаток.

 

new-zealand-jersey

4. Австралија
Одлична комбинација од бои. Две ладни бои разбиени со една окер контрастна. Пропорционално поставени логоа.

 

australia-jersey

3. Шпанија
Добар пример како еден стандардно класичен дрес со мали измени може да се доведе до совршенство. Традиционалните црвена и жолта боја се разбиени со тенки сини линии. Логото е големо и извезено до перфекција. Единствено можеби централно поставеното адидас лого малце го руши балансот и тежината паѓа на левата страна на играчот.

 

spain-world-cup-jersey

 

2. Бразил
Јака жолта боја, со тенки и стилски зелени линии на јаката, ракавите и долниот раб. Самиот раб и кројот на целиот дрес е неправилен и во брановидни форми. Логоата се поставени како кај австралискиот дрес меѓутоа логото на бразилската фудбалска федерација а малку повисоко и поцентрално.

 

brazil-jersey

 

1. Брегот на Слоновата Kоска
Дефинитивно најдобриот дрес на ова Светско првенство. Јака портокалова боја, разбиена со сосем мали зелени детаљи. Посебен ефект и внимание привлекува силуетата на слоното на десното рамо, со фудбалска топка во сурлата. Пума најдобро си ја завршила работата и ги победи Aдидас и Најк овојпат.

 

ivory-coast-jersey

 

коментари (5)add comment

Oliver said:

0
...
Дресовите на Австралија и Нов Зеланд не изгледаат воопшто на фудбалски туку повеќе на рагби дресови. Убедливо најдобар на ова првенство е на Аргентина, традиционалниот дрес со небесно сини и бели риги, па потоа на Бразил
јуни 14, 2010

darko said:

0
...
naj dobar dres vo sveckoto prvenstvo e na spania
јуни 15, 2010

janev said:

0
...
се слагам со Оливер за Австралија и Нов Зеланд, меѓутоа баш тоа е ново и уникатно. Дресот на Аргентина воопшто не е спомнат во лошите, ама не нуди ништо ново, барем од дизајнерски аспект
јуни 15, 2010

самир said:

0
...
Нов Зеланд ... според мене крајно иновативен, практичен ... олеснува движење и прекрасно изгледа ... италијаните веројатно се искомплексирале гледајки ги дресовите на нов зеланд smilies/smiley.gif
октомври 07, 2010

Igor said:

0
...
Нов Зеланд е број 1
Ме изненади дури...
ноември 11, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy
Copyright 2012. Powered by danijanev.com