Holiday Inn ново лого

Еден од најпознатите синџири на хотели Холидеј Ин направи редизајн на нивното лого уште на почетокот на 2010та, а пред извесно време и нашиот Холидеј Ин е ребрендиран. Малку факти за овој гигант во хотелиерството. Денес во светот има преку 3125 хотели и уште 942 кои се во изградба. Формиран бренд од ING InterContinental Hotels Group, и затоа првото лого е корпорација. Прв бренд на хотели што влегол како поголема инвестиција во Македонија.
Дизајнирано од можеби најпознатата агенција за брендирање, Интербренд, која како свои клиенти ги има најпознатите брендови, како Microsoft, Deutsche Telekom, Mazda, Samsung, Yahoo, Xerox, Porsche, Nikon, Prada, BMW и многу други.

Новото лого на прв поглед е поживо, има повеќе енергија и има своја динамика. Меѓутоа ако се спореди со слични логоа на хотели, ова е премногу среќно, весело, како лого на некоја играчка или игротека. Со еден збор предизајнирано, со премногу стил и ефекти и полу ефекти во него. Главната буква H е кристално бела, со сенката под неа изгледа кaкo парче исечено хартија. Неправилната сенка дава ефект како H да е одлепена на средина од површината.

Холидеј Ин го нема веќе со децении препознатливиот знак тотем кој го има насекаде, посебно низ патиштата и градовите во Америка.
Површината е со зелен градиент како на старото лого, но многу по светла и силна, ја нема таа длабочина и моќност како на старото. Фонтот е исто така нов. Додека кај старото имаше неправилно и нестандардно закосен италик фонт, по што сите го препознаваа хотелот, новиот е како за влез во градинка или луна парк. Мек, без јаки црти и сигурно не толку забележителен. Можеби и намерно за да се даде предност препознатлив дел да биде само Н. Кога ќе се погледне целосно, зелен фонт и зелена површина потсетува на денешниве eco-friendly логоа, како еколошко друштво за заштита на шумите или нешто слично.
Според Енди Кослет, извршниот директор на Холидеј Ин, токму оваа комбинација на зелена боја од прва ќе ги привлече возачите, минувачите и туристите. Ни малку суптилно, како поголемиот број на хотели, туку сосем директно в лице им се става до знаење. Можеби од маркетиншки и комуникациски аспект и ќе вроди со плод, т.е. Холидеј Ин ќе го зголеми драстично профитот, но не и од дизајнерски аспект.
На крајот се поставува прашањето, ако нешто добро си ја врши работата, зошто да се редизајнира? До сега самото лого беше веќе изграден препознатлив бренд. Како и да е, повеќето критики за дизајнот генерално во дизајнерските кругови е негативна, останува времето да покаже. Сепак е сеуште свежо, претходното опстојуваше цели 20 години, од 1989 до 2009.
Инаку за новото лого на Холидеј Ин сакав одамна да напишам, меѓутоа пред некој ден забележав дека и скопскиот Холидеј Ин е ребрендиран, иако можеби меѓу последните оваа година.


Можеби еден од најпрезнатливиот изглед на Холидеј Ин на Балканот и пошироко е во Сараево кој е и своевиден симбол на градот.

Додека во светски рамки тоа е Холидеј Ин хотелот што се наоѓа во Сао Паоло.

За сами да направите мала споредба погледнете ги логоата на останатите големи брендови, како Ritz, Marriot, Hayatt, Hilton, а и помалку познати хотели но со одлични логоа. Прво ќе забележите едноставност, минимализам, но истовремено со одредена доза и ефект на сериозност и моќ.








Горан
said:
|
... се чудам зошто им требало ребрендирање, но еве да го сватиме како да сакаат некое освежување или пак некој храбри одлуки од бордот предводени од нови генерации со некоја си нивна цел и тн.....според мене попрво би сменил мото, или цели рекламни кампањи или пак некојси фејслифтинг на конструкциите на градбите одколку да го променам тоа епик препознатливо и моќно лого. Замисли си кока кола да го смени логото... |
janev
said:
|
... Се согласувам, ако се за промена не мора да се фаќаат веднаш за логото. Тоа им е „најмало“ и мислат дека најбрзо и најбезболно ќе го направат. Сум имал клиенти, и тоа познати фирми кои барале ребрендирање и сум ги одбивал со образложение дека мое мислење е дека не треба да правите редизајн и дека логото си врши одлична работа, дека може само да изгубат. Отпрвин се чудат, но потоа сфаќаат дека сум бил во право, дека не се важни само парите. Токму од некои од тие клиенти добивам најдобри препораки и реклами |
