GAP се ребрендира (или пак не)

Минатата недела познатиот амерички бренд за џинс GAP направи редизајн на своето лого. Основана во далечната 1969 во Сан Франциско и меѓу првите брендови за облека во светот со годишна заработка од скоро 4 милијарди долари. Со 1140 бутици само во Америка и 300 низ светот овој бренд нуди квалитетни парчиња по привлечни цени. До неодамна логото беше истото од самиот почеток и се надополнуваше во самиот бренд. Gotham класичен фонт на темно сина позадина. Но, погледнете го новото лого.
Новото лого предизвика лавина од реакции меѓу дизајн блоговите и дизајнерите. Колку и да не се разбирате во дизајн на логоа, или во дизајн воопшто јас сум сигурен дека и вашиот прва критика би била крајно негативна. Дури во најекстремни случаи претставува навреда на целата дизајнерска светска заедница. Затоа веќе има отворени натпревари да направат свои редизајни и да ги презентираат колку тоа можеше да биде подобро. До пишувањето на овој пост се пристигнати преку 300 решенија од кои јас одделив само дел. Сите се направени без никаков бриф од страна на GAP, за само неколку часа, а сепак било кое да се избереше ќе беше подобро.

А верувајте секој друг дизајн е подобар од овој. GAP напишано со Хелветика и на крај во позадина мало квадратче со син градиент. Изгледа како направено од 10 годишник кој го открил Paint или Word на својот компјутер. Без никаква идеја, никаква замисла, никаква приказна позади себе. Ајде да беше само фонтот и имаше потенцијал да се подобри, меѓутоа синиот квадрат ги руши сите естетски принципи во дизајнот на логоа. И не може да се даде некоја поопширна критика или опис.

Бил Чендлер, маркетинг манаџер во GAP изјави дека ова не е некаков ПР трик за привлекување внимание и дека е вистинско ребрендирање, кое ќе започне официјално со божиќниот каталог на GAP и ќе продолжи низ цела 2011та. После негативните критики од сите страни и тој вети дека ќе ги разгледаат и другите идеи. Инаку „дизајнот“ е на Треј Лерд и неговиот тим во Лерд и Партнерите.
Веќе има отворено прашање од GAP за новото лого на Фејсбук, а коментарите може и сами да ги прочитате.
Можеби некаква надеж дека ќе се искористи само за некоја кампања е тоа што новото лого е само на американската веб страна, но не и на европската
Освен на Фејсбук, и на Твитер има многу негативни твитови и коментари, па дури и посебен профил.

Еден од најразумните коментари би биле зошто да се менува нешто што е добро и добро си ја вршело работата до сега? Немаше никаква претходна најава дека се ребрендираат и зошто?
Револтот отиде до таму што веќе има веб страници генератори за да си направите слично на GAP лого или како што е на англиски CRAP your logo :)

За крај погледнете го трејлерот од краткиот документарец на Гери Хаствит за тоа колку Хелветиката како фонт се злоупотребува и едноставно е преискористен во последните неколку години за буквално секакви намени.

НАДОПОЛНЕТО
Според најновите информации, GAP се предомислуваат и најверојатно ќе го повлечат новото лого и ќе се вратат на старото и тоа само 5 дена по официјалното претставување на новото. Марка Хансен, извршниот директор на GAP веќе го информирал маркетинг тимот и се очекува денес, најдоцна утре да биде повлечено од веб страницата и од Фејсбук групата. Најголемо влијание на ова има Фејсбук, бидејќи GAP има преку 720.000 фанови, кои се и главниот канал за секаква критика на GAP низ коментарите и постовите. Знаејќи дека со ова GAP како компанија ќе изгубеше многу, уште еднаш се покажа дека потрошувачите и нивниот збор треба секогаш да е на прво место. И за крај Хансен додава дека со ова научиле дека во секоја идна промена, макар и помала ќе бидат вклучени и сите фанови и целата онлајн заедница. Колку и да го негираат некои сепак Фејсбук има и се повеќе ќе има огромно влијание како социјална мрежа врз целокупното мислење и битен фактор за одлучување.

darko buldioski
said:
|
... До пола кога стасав со читање си помислив дека навистина прават финта за да предизвикаат реакција и да crowdsource-ираат дизјан кај корисниците... ама по се изгледа по повлекувањево и по објавата кој стои зад логот не ќе да е така.. а баш ќе беше добро да е така. |
Злочко
said:
|
... Дарко и јас си мислев дека е само маркетинг финта. И ќе беше фантастично добра маркетинг финта. Верувам дека во наредниве 2 месеци, барем еден голем бренд ќе ја искористи за да привлече дополнително внимание. Нејсе, од горните предлози мене најмногу ми фати око првото лого во последниот ред. На многу интересен начин е изиграно со буквите и е добиен оној шав во вид на буквата V што многу често може да се најде на задниот џеб од фармерките. |
danijanev
said:
|
... @Злочко се слагам за тоа лого, има добра идеја, меѓутоа точката некако ми стрчи, одвишна е во овој случај |
cvet4e
said:
|
... Se okej so zamislata i statijata, ne ja ni procitav otkako go vidov naslovot. Smetam deka treba da obratis vnimanie na zborovite i nivnata forma. Komentarot nemora da bide odobren, namerata mi bese da ti dadam do znaenje da se obides da koristis mak. zborovi a ne samo transkripcija od angliski i plus vo naslovot, vo delot " ili pa ne" treba da ti stoi " ili paK ne" Se nadevam deka vo idnina ke vnimavas poveke na vakvite sitnici Pozdrav, se najdobro! |
janev
said:
|
... @cvet4e фала за сугестијата, забелешка на место и веќе поправено Точно дека не секогаш обрнувам доволно внимание на правописните грешки, ама тоа од брзање. Инаку и јас сум против англицизми во македонскиот јазик, ама материјата е таква да понекогаш е поприфатливо и посоодветно таков термин за читателите. P.S. По вокација сум и филолог, професор по англиски јазик и книжевност |
toteto
said:
|
... Има вакви еден куп логоа со квадратче позади новото „лого“. Некои од нив се добро направени, ама ова... Финтата на синото квадратче со грејдиент е да го претставува старото лого и како тоа оди во историјата. |
Dok
said:
|
... По цела година од постов логото не е сменето. Инаку баш сакав да видам како ќе везеа градиент и каква ќе беше монохроматската верзија на логото. Да не беше финта? |
janev
said:
|
... @Dok според она јас што можев да прочитам по блогови, што официјални што не официјални, ова е маркетингшка „финта“ на GAP. Откако го објавија дека логото ќе се менува продажбата на нивни производи се зголемил во Канада за 27 проценти, за период од 3 недели, поради тоа што купувачите цитирам „сакале да имаат повеќе парчиња со старото добро лого“. И последно што прочитав е дека дизајн студиото Laid + Partners не биле исплатени целосно за новото лого, и чудно што тие не тужеле иако имале право според договорот. На крај секој може да ги собере фактите, шпекулациите...и сам да донесе заклучок, но и лекција повеќе како (не) треба |
