Бразил 2014 лого

Светското првенство во фудбал во ЈАР заврши. Во сенка на последните натпревари на 8ми јули беше претставено логото за наредното Светско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Бразил во 2014та.
Името на логото е „Инспирација“ и е креирано од бразилска агенција по име Африка. Коинциденција или ?!
Избрано помеѓу 25 учесници, дизајнери и дизајн студија. Интересно што помеѓу жирито биле и познатиот бразилски модел Жизел, писателот Пауло Куељо и еден куп познати луѓе, само не познати дизајнери.
Логото е само мал дел од целата кампања која започнува веќе од август под името „Бразил ве вика“ со реклами, видеа, низ социјалните мрежи...кои ќе чинат над 30 милиони долари ќе пробаат да допрат до 400 милиони потенцијални туристи и навивачи во над 100 земји во светот.
Ако се погледне низ историјата на светските првенства и нивните логоа ќе се забележи тренд на поедноставување на самиот дизајн, кратки едноставни линии, без пренатрупаност. Целокупниот концепт е добар, иако реализацијата би можела да биде подобра, многу подобра.
Значи раце кои формираат трофеј одлична идеја, но некако самите дизајн на нив е како изместен, не соодвествува со целокупниот стил. Посебно кружните и полукружните градиенти.
Логоата со раце се навистина тренд и се доста популарни, но дали ќе биде така и за 4 години?
Нормално дека боите се оние на Бразил, бидејќи таму и ќе се одржи, но рацете може да асоцираат дека тие се како прогласени однапред за светски шампиони и пехарот е нивни. И за тоа ќе мора да почекаат :)

Друго што може да се забележи е премногу лесното и лабаво исцртување, замислата како цртано со рака е секогаш пријатна и некако природна, но овде изгледа како некој искусен цртач да се обидувал намерно да направи да изгледа не така професионално.
Растојанието меѓу прстите од друга страна не е природно и вообичаено.
Интересна изгледа и критиката дека рацете што држат фудбалска топка не е соодветно за фудбал, во фудбалот тоа не е дозволено (освен голманите се разбира) и повеќе го поврзуваат со одбојка, ракомет или кошарка на пример.
Подолу е логото кое првично беше објавено и дури и сега се наоѓа на многу бразилски веб страни посветени на Светското во 2014та

Што вие мислите за новото лого? Слободно споделете во коментарите

