Колоритен спектар од логоа

Иако обично непишано правило е логоата е да бидат во колку може помалку бои, неколку пати тоа го имам и нагласено во постовите, дури идеално би било црно-бели, сепак понекогаш и многу шарени т.е. колоритните логоа доколку умерено и паметно користени бои може да изгледаат атрактивно. Обично логоата во повеќе бои, па и тркалото со спектарот на бои се користат за детски содржини, дизајн студија, печатници, видео и медија продукции, креативни маркетинг агенции и сл. Сето ова дава една живост и свежина на самото лого. Тука изборот на бои е главен фактор, затоа треба добро да се внимава. Ваквите логоа се секогаш во тренд, пријатни за окото, често на црна позадина, со дополнителни ефекти...се со цел полесно да се паметат. На повеќе погледнете дел од подобрите.

































