Јун142011

Интересна лого статистика

logowordle
Сигурно гледајќи по неколку десетици логоа дневно забележувате сличност помеѓу нив во смисла на тоа од колку букви е составено, која е примарна боја и сл. На повеќе е една кратка анализа и интересна статистика за 50-те најпознати брендови и нивните логоа во светот денес.

Мај132011

Колоритен спектар од логоа

11
Иако обично непишано правило е логоата е да бидат во колку може помалку бои, неколку пати тоа го имам и нагласено во постовите, дури идеално би било црно-бели, сепак понекогаш и многу шарени т.е. колоритните логоа доколку умерено и паметно користени бои може да изгледаат атрактивно. Обично логоата во повеќе бои, па  и тркалото со спектарот на бои се користат за детски содржини, дизајн студија, печатници, видео и медија продукции, креативни маркетинг агенции и сл. Сето ова дава една живост и свежина на самото лого. Тука изборот на бои е главен фактор, затоа треба добро да се внимава. Ваквите логоа се секогаш во тренд, пријатни за окото, често на црна позадина, со дополнителни ефекти...се со цел полесно да се паметат. На повеќе погледнете дел од подобрите.

 
Мај042011

5 Кратки лого совети

prvaworld-has-so-much-creativity
5 совети за сите лого дизајнери кои сметам дека се од огромно значење да ги знаете и применувате во вашата работа и креативниот процес.

 
Апр182011

Симетрични логоа

PRVA6-badtwins
Симетричните форми со својата перфекција се секогаш полесни за паметење. Со својата перфекција даваат чувство на стабилност и цврстина. Ова посебно важи со помалите форми како логоата на пример. Само со едноставноста ротирање на едната страна се добива една целина. Еве дел од најдобрите вакви логоа.

 
Мар072011

Ретро амблем логоа

emblem_logo
Во последно време голем тренд што забележувам во дизајнот на логоа, барем во светски рамки, е дизајн на ретро амблем логоа. Тоа се обично оние во кружна форма, налик на беџ, или со ретро превез преку нив. Боите се најчесто пастелни и пригушени. Фонтот е ретро и најчесто ја следи кружната форма. Често има и имитација на некој материјал или текстура, се со цел пореален ефект. Издвоив дел од подобрите.

 

Страница 1 од 6

Copyright 2012. Powered by danijanev.com