Аналогна фотографија со помош на iPhone

Фото апликациите ми се дефинитвно омилена секција од AppStore и сум огромен фан на Hipstamatic. Ниту еден друг смартфон немал толкаво влијание врз фотографирањето како iPhone. Дури и најголем број на фотографиите закачени на flickr се направени со помош на iPhone. Фотографиите што се прават со помош на Hipstamatic да ги видевте пред 2-3 години сигурно ќе си помисливте дека само професионални камери може да направат ваква фотографија. Кратка рецензија со повеќе слики за дефинитвно најпопуларната iPhone апликација за фотографирање.
Целиот интерфејс на Hipstamatic е како на старите ретро фотоапарати со филмови, за кои децата денес можеби би имала проблеми со користење бидејќи реално знаат само за дигиталниот фотоапарат. Има нормално само лендскејп варијанта и за момент не враќа на времињата кога сите ние стававме филмови за да може да фотографираме.

И не само филмови, Hipstamatic нуди многу повеќе. Имате избор на леќи, блицеви, филмови...

Нивното менување е толку реално и само со едно движење на прстот. Откако ќе ги поставите сите параметри рачно, или ако изберете некој од веќе готовоите пакети вие сте спремни за фотографирање. Толку реално, што дури и објективот е мал, и кога го вклучувате блицот го имате истиот звук на загревање. И само едно жолто чкрап копче. Можете да фотографирате постојано и во позадина гледате како се развиваат сликите.


Ако сакате рандом параметри т.е. Hipstamatic по случаен избор да бира филм, леќа, блиц...само протресете го ајфонот. Новини со последниот апдејт е што фотографиите може да ви ги испринтаат, и тоа на стара ретро хартија и ги доставуваат до дома, но сега засега само во Америка.

И ги имате старите уникатни фото албуми за ставање слики, оние што денес во главно се заменети со фејсбук албуми.

Прегледувањето на фотографиите е многу лесно. Има детален опис на тоа каква опрема сте користеле, можност за споделување веднаш по социјалните мрежи, тематски истите фотографиите да ви бидам на купче, да ги ставите во албум.


Исто така може да пријавите фотограија за тековен натпревар, за кои Hipstamatic редовно објавува нови теми, но и прилично добри награди за најдобрите.

Мислам дека е сосем доволно. За сите останати детални опции и функции кои ги нуди најдобро сами да откриете. Нормално ја купувате од AppStore. Апликацијата чини за 1.99 долари и во старт имате неколку филмови, блицеви, леќи и друга опрема кои се доволни за фотографирање, но верувајте ако сакате да фотографирате аматерски како мене за брзо време ќе сакате да ги имате сите други сетови.
За крај, погледнете како изгледаат некои од фотографиите направени со Hipstamatic.





За повеќе ѕирнете го сетот на flickr или facebook групата, а и кратко и интересно видео за тоа како функцинира самата апликација.
Доколку активно ја користите слободно споделете ги вашите фотографии со коментари подолу.

