DataMan - контрола на потрошениот мобилен интернет
DataMan е iPhone апликација со чија помош секогаш ќе имате увид на тоа колку мегабајти/гигабајти сте потрошиле на вашиот iPhone. И тоа не само EDGE/GPRS/3G трансферот туку и WIFI сообраќајот. Со ова ќе заштедите и нема да дозволите да го надмините месечниот лимит што го имате, посебно на 3G сообраќајот.
Phoster iPhone апликација - рецензија
Доколку имате iPhone 4 тогаш сигурно често ја користите камерата за сликање на се што ќе ви се види интересно, бидејќи знаете дека резултатот ќе биде одличен, а со многубројните дополнителни апликации може да направите вистинско ремек дело.
Една таква апликација е и Phoster. Наменета и за дизајнери, а и за оние што немаат или имаат многу мали познавања од дизајн. Посебно ако сакате некоја слика да ја направите како постер.
10 Снежни позадини за iPhone
Прв пост во новата секција iPhone. Почнуваме со зимски и снежни позадини каде до израз ќе дојде неверојатната резолуција на новиот iPhone 4. Сите се во резолуција 640 х 960 пиксели. Одлично се вклопуваат како lock screen wallpaper а и како home screen.
Понатаму следуваат рецензии на апликации, специјални апликации за фриленсери, апликации со најдобри интерфејси, фото апликации за целосно искористување на одличната HDR камера, трикови, совети и многу повеќе.
Instagram - iPhone апликација
Во последните неколку недели откако го имам новиот iPhone многу почесто ја користам неговата камера, која е многу подобра од постарите модели. Но, се помалку со дифолтната апликација за сликање туку со една апликација, која станува се популарна - Instagram.
iPhone како инспирација
iPhone е дефинитивно смарт телефон кој од првото појавување го смени начинот на кој дотогаш гледавме на мобилните. Го смени начинот на користење со револуционерни новини и функции...со еден збор го реоткри мобилниот повторно. До ден денес, со излегувањето на последниот модел iPhone 4, е инспирација за многу дизајнери. И не само iPhone како производ, туку глобално буквално секој прозивод на Apple е доволна инспирација за секого. Ова не се реклами, банери и слично, туку едноставно дизајни кои го имаат iPhone како појдовна точка. На повеќе погледнете дел од најдобрите.
Страница 2 од 3