Аналогна фотографија со помош на iPhone

Фото апликациите ми се дефинитвно омилена секција од AppStore и сум огромен фан на Hipstamatic. Ниту еден друг смартфон немал толкаво влијание врз фотографирањето како iPhone. Дури и најголем број на фотографиите закачени на flickr се направени со помош на iPhone. Фотографиите што се прават со помош на Hipstamatic да ги видевте пред 2-3 години сигурно ќе си помисливте дека само професионални камери може да направат ваква фотографија. Кратка рецензија со повеќе слики за дефинитвно најпопуларната iPhone апликација за фотографирање.
Инспиративни интерфејс дизајни на iPhone апликации

Првиот iPhone se појави во 2007-ма година. Сите знаеме каква револуција претставуваше во класата на smartphones. Од дизајнот, хардверот, интерфејсот...едноставно ремек-дело. Заедно со него излезе и iPhone OS (Оперативниот Систем) или скратено iOS, кој има свои верзии за iPod и iPad. Базиран на мулти-тач технологијата која овозможува директна интеракција со корисникот и неговиот допир и допирни гестови. Денес има преку 300.000 апликации достапни преку AppStore. Самиот графички интерфејс е инспирарички сам по себе, уште повеќе за дизајнерите на third-party апликациите. Еден сосем мал дел од оние најдобро дизајнираните погледнете на повеќе.
Две бесплатни апликации за фонтови

Овој пат кратка и корисна статија за сите дизајнери / фриленсери кои често работат со фонтови и типографија. Две апликации кои се бесплатни и кои задолжително треба да ги имате при рака, т.е. во вашиот iPhone.
DataMan - контрола на потрошениот мобилен интернет

DataMan е iPhone апликација со чија помош секогаш ќе имате увид на тоа колку мегабајти/гигабајти сте потрошиле на вашиот iPhone. И тоа не само EDGE/GPRS/3G трансферот туку и WIFI сообраќајот. Со ова ќе заштедите и нема да дозволите да го надмините месечниот лимит што го имате, посебно на 3G сообраќајот.
Phoster iPhone апликација - рецензија

Доколку имате iPhone 4 тогаш сигурно често ја користите камерата за сликање на се што ќе ви се види интересно, бидејќи знаете дека резултатот ќе биде одличен, а со многубројните дополнителни апликации може да направите вистинско ремек дело.
Една таква апликација е и Phoster. Наменета и за дизајнери, а и за оние што немаат или имаат многу мали познавања од дизајн. Посебно ако сакате некоја слика да ја направите како постер.
Страница 1 од 3
