Јул052010

Векторски визит карти

vector_business
Иако живееме во дигитална доба, каде размената на информацијата најчесто се прави дигитално, каде веќе и не се прашува за фиксен телефон, туку само електронска пошта или само фејсбук профил е доволен. Сепак, визит картите како една застарена форма на себе преставување со контакт информации опстојува и до денес. Според многумина наскоро се очекува да бидат и тие со мини дисплеј или во некоја уште посовршена форма. Како и да е, денес за вас одвоив над 50 визит карти, векторски дизајнирани. Обично се минималистички, во неколку бои, чист едноставен дизајн, обично со некоја илустрација, и ако се испринатани на квалитетен принтер на квалитетна хартија секогаш знаете дека ќе добиете одличен краен продукт, овде нема растер слики, нема ефекти...нема да се плашите дека нешто ќе излезе крзаво.

Јун102010

3Д Типографија

3d_prva
Типографијата е илустративна техника на уредување, едитирање на текст, посебни карактери или глифови. Уредувањето вклучува селекција на фонт, големина, проред, должина на линија, кернинг и сл. Во поново време се повеќе графички дизајнери за дизајн на флаер, постер или друг принтан материјал користат типографски идеи и решенија. Доколку се има добра идеја, правилен и уникатен распоред на неколку букви може да биде многу поефективен од некој пренатрупан со елементи дизајн. Посебно во овие решенија е застапен 3Д ефектот. Затоа во продолжение одвоив 25 одлични 3Д типографски решенија.

 
Јун102010

Дизајн на корпоративен идентитет

letter_prva
За една фирма и компанија да се распознава и се одвои од толпата многу важно е да има свој сопствен и уникатен идентитет. Под идентитет на корпорација се подразбира сите материјали без разлика дали принтани или електронски се разменуваат при интерна или екстерна комуникација. Од најобични соопштенија преку визит карти, пликоа до средства за специфични намени, како честитки, благодарници и сл....се треба да има еден стандарден стил и дизајн. Со сето ова самата компанија покажува дека има професионални односи и својот идентитет го наметнува со цел да бидат по влијателни и познати. За вас одвоив 25 уникатни корпоративни идентите во кои најчесто влегуваат меморандум, визитка и плико.

 
Јун092010

Векторска уметност

vector_prva
Графичките дизајнери кои работат најчесто векторска графика и кои имаат идеја и знаат како до уметничко дело се меѓу најценетите. Воопшто не е лесно да се исцрта само со помош на точки и криви, форми и големини...некој предмет или уште потешко портрет. Понекогаш самата графика е до тој степен професионално изведена што тешко се прави разлика меѓу реалниот предмет и векторизираниот. Понатаму следуваат 35 Најдобри векторски уметнички дела според мој избор. 

 
Јун092010

Ретро разгледници и честитки

post_prva
Мало потцетување посебно за новите генерации што беше тоа честитка / разгледница Smile Мало парче подебела хартија, како потенок картон, на кој од едната страна има слика / илустрација од држави, градови, познати туристички места ако е разгледница, и празнични мотиви како Божиќ, Нова година, Свети Валентин, годишнини, родендени и слично на честитките. А од другата место за кратка порака и нормално адреса на примачот. Во денешно време кога електронските картички и честитки се веќе прифатена форма, се поретки се оние поборници на овие форми на комуникација. Како и да е, таа форма си има посебна вредност, особено од аспект на графичкиот дизајн и затоа решив да ви презентирам 20 разгледници во ретро стил.

 

Страница 11 од 12

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons