Како да останете open-minded дизајнер

Како креативци и дизајнери многу е важно да останете open-minded, посебно во овој свет на технолошки напредок, каде секојдневно мора да се учат и прифаќаат нови трендови. Да се биде open-minded значи да се биде и толерантен и самокритичен. 5 совети како да останете open-minded.
1. Секоја идеја гледајте ја од различни агли
Многу често уште во старт на проект првичната идеја колку и да изгледа добра и правилна, оставете време да „легне“ и погледнете ја од неколку различни перспективи. Може е креативна, но на крај може ќе излезе нешто сосем ново, подобро и поинакво. За крај, правете внатрешни анкети меѓу колеги и истражување, може тоа или слично некој го има направено, за да не биде дека сте ја украле идејата.
2. Научете да слушате и прифаќајте критика
Како дизајнер мора да имате вештини да го ислушате клиентот до крај, и секогаш за се што ви е нејасно прашајте. Она што клиентот понекогаш го сака и го објаснува е различно, имајте на ум дека не сите ги знаат техничките поими и термини. После тој процес бидете спремни за критика, предлози, и дополнителни барања од клиентот. Не пристапувајте со мислење дека вие знаете најдобро, и дека не правите корекции. Понекогаш токму клиентот и неговите забелешки знаат да бидат пресудни за подобар дизајн.

3. Разменувајте идеи
Како фриленсери сигурно поголем дел од времето сте дома и работите сами. Но, тоа не значи да немате никаков контакт со надворешниот свет. Во денешно време на брзо споделување и ширење на информации, фидбекот од колеги дизајнери ви е само на неколку клика. Твитер, фејсбук, Гугл +, Линкдин, Behance, Deviantart, Dribbble...се само дел од мрежите кои ви стојат на располагање. Почитувајте мислење или коментар на другите дизајнери, понекогаш токму таа нивна нова насока може да доведе до уште подобар дизајн.

4. Надвор од комфорт зоната
Сите ние со тек на време и повеќе годишно искуство, градиме сопствена зона каде што ни е најпријатно за работа, сите „сетинзи“ ни се перфектно подесени и сите коцки на убаво наместени. Главна негативност е што таа зона ве лимитира и ограничува и за да откриете некои нови ваши можности и да пробате работите да ги правите на друг начин, а не онака како што сте навикнати. Излезете од вашата комфорт зона и пробајте нешто ново.

5. Бидете клиент
За да сте ставите во позиција на клиент, мора барем еднаш да сте ставите во нивна позиција и да бидете и вие клиент. Само така најдобро ќе го видите она што како дизајнери не го гледате. На овој начин ќе видите дека понекогаш и тие се во право со нивните барања и нареден пат ќе имате поголемо разбирање.


Faya
said:
|
... "Научете да слушате и прифаќајте критика"-toe e prvo pravilo, dadada! Se soveti se super |
























