Фев162011

PRVAmoney3
Eдно од прашањата со кое секој дизајнер се соочува, и кое и често мене ми го поставувале за совет е „Колку да наплатам за својот дизајн?
Дизајнот генерално е субјективна материја. И ако на ова се додаде дека секој клиент е различен тогаш е јасно дека магична формула не постои. Значи со овој пост нема да ве советувам ниту наложувам колку да наплаќате за одреден дизајн, бидејќи тоа не смеам и не можам да го правам. Нема стандардни пишани правила ниту водичи за тоа. Секој дизајнер низ работата треба сам да развие свој метод и свои правила за одредување цена. Сите сакаме целосно да сме посветени кон креативниот процес и самото дизајнирање, а помалку на бизнисот, но кога тогаш ќе мора да го опфатите и тој аспект од работата, а и сметките не се плаќаат сами :)

Одредувањето на цена за дизајн проект подложи на неколку фактори:

  •  искуство (портфолио);
  •  образование (сертификати);
  •  спецификации на проектот;
  •  време на изработка;
  •  дополнителни услуги;
  •  економска состојба (во земјата од каде доаѓа клиентот);
  •  дали наплаќате од час или од проект;
  •  останати трошкови;

Ќе се обидам да ги разгледаме сите поединечно подетално.

1. Ниво на експертиза

Само вие може јасно да одредите кои се вашите знаења и квалитети и спрема тоа да одредите на кое ниво сте како дизајнер. Ако работите во некоја јавна институција со секоја година стаж вие добивате одредени бенефиции, бонуси итн. Слично правите и тука, со секоја измината година работно искуство вие имате право да ја зголемувате тарифата. Значи како почетник не може да барате иста цена како и со 10 години искуство во работата.

designer

2. Образование

Денес за разлика од порано има избор на школи и академии кои даваат стручно насочено и неформално образование. После завршувањето можеби е најтешко за работа, без искуство и без портфолио, единствено нешто да покажете (барем на почетокот) се дипломите и сертификатите. Исто и за фриленсерите кои се стремат да имаат се повеќе странски поголеми клиенти, важна е и дипломата од престижна школа за дизајн или положените сертификати. Има случаеви каде клиентот е изненаден од високата цена, коментирајќи во стилот „како тоа логото го направи за 15 минути а ми бараш 150 евра на пример. На што логички вие одговарате. „не, мене ми требаа 15 години за да научам и можам да ги наплатам тие пари“

3. Секој проект е различен

Пример имате двајца клиенти истовремено. Едниот е маалска книжарница, а другиот компанија со над 200 вработени и над 20 години постоење. И двајцата бараат веб сајт. Сигурно нема да пристапите исто кон двата клиенти. Сигурно не можете и нема да наплатите исто на двата клиенти. Овде важи тезата дека колку и да е иста работата, секој проект е специфичен и секој клиент е различен.

0017-02_customer_service_listen

4. Потребно време за дизајн

Нормално е на почеток на секој проект клиентот да биде информиран колку време е потребно за одреден проект, кој е стандардот и колку ќе чини. Но, исто така пред да ви кажат дека нивниот проект е итен и да му се даде приоритет, имајте тарифа и за итна изработка. Баш пред некое време имав клиент кој негодуваше зошто наплаќам за прекувремено и за итен дизајн. Го прашав дали има нов пасош и за колку време го зел, на што ми одговори дека го зел за два дена по итна постапка. И не му требаше многу време за да сфати :)

5. Дополнителни услуги

Дополнителните услуги најчесто се бараат и нудат при изработка на веб страна. Значи овде спаѓа одржувањето и полнењето со нови информации. Најдобро е да се специфицира дали ќе наплаќате од апдејт или месечно ќе приложувате сметка. Се зависи најмногу од тоа колку често ќе се прави ажурирањето со нови информации. Исто така овде спаѓа и обуката доколку сте се договориле самиот клиент да ја полни веб страната. Никогаш не го заборавајте ова во крајната понуда.

6. Кризни состојби

Ова најдобро го осетивме со светската економска криза, која сеуште трае а ги погоди сите индустрии. При вакви случаеви логички е понудите попусти и нешто гратис се со цел да ги задржите клиентите. Еве на пример имате клиент од Грција и од Норвешка и бараат веб страна. Знаејќи ја ситуацијата во Грција вие сигурно ќе имате пониска цена за клиентот од Грција. Или знаејќи ја разликата во стандарди помеѓу Австрија и Романија на пример. Затоа ако имате странски клиенти, секогаш е добро да се следат тековите и барем приближно моменталните економски состојби.

gen_What-to-charge

7. Наплата од работен час или наплата од завршен проект?

Ова е можеби најголемата дилема со која се соочува секој фриленсер и овде се прават и најголемите грешки. Треба да се знае дека и двата начина на тарифирање имаат свои добри и лоши страни. Се е во тоа да се има добра проценка, која се стекнува со поголемото искуство во работата. Најчести случаеви кај наплата од проект се оддолговлекување на проектот со нови и нови забелешки и корекции се со цел да не се плати целосната сума. Уште полошо ако однапред немате земено аванс. Кај наплатата од час клиентот знае дека секое дополнително барање ќе одземе и дополнително време. Од друга страна, може да направите лоша проценка. Сте дале понуда дека за одреден проект ќе ви требаат 70 часа  и толку и сте наплатиле, за на крај да видите дека ви требало двојно повеќе. Ова ќе биде подетално опишано во посебен пост.

8. Екстра трошкови :)

Ова најчесто се случува за домашни клиенти но кои се од друг град а мора понекогаш да имате состаноци лично. Пред да дадете понуда имајте ги в предвид патните трошкови (гориво, патарини и сл) и вкалкулирајте ги во цената.

0017-01_customer_service_clients_thumbnail

За крај, сосем е разбирливо и очекувано да бидете несигурни, без разлика дали сте почетник или ветеран фриленсер, тоа е дел од процесот на кој низ обиди и грешки се учиме.

БОНУС: Пресметајте колку би била вашата идеална тарифа за наплата од час низ неколку корисни прашања. Сумите ги внесувате во долари и се однесуваат на годишно ниво.
Вашите совети и искуства низ коментари споделете ги подолу.

коментари (8)add comment

Гоце said:

0
...
Све убаво...ценење на својот труд и ред други работи. Ама за жал, значи ЗА ЖАЛ ова е само day dreaming. Зошто? Затоа што секогаш се појавува некој јак шизик шо знае само пеинт....и да те зафркне за сите пари smilies/smiley.gif
Конкуренцијата е добра работа, но не и не доволната едукација на клиентите.

P.S. Добра статија
февруари 16, 2011

janev said:

0
...
Фала Гоце smilies/smiley.gif
Се слагам дека до некаде е day dreaming ама наше е да се потрудиме да се смени тоа, ако не се обидеме нема ни да знаеме дали сме успеале. И во врска со „шизиците“ и најповеќе со едукација на клиентите.
февруари 16, 2011

Commie said:

0
...
Како што кажа Гоце, единствената мака кај нас е што за нашиов регион секогаш ќе се јави некој пацер што ќе направи нешто за ситна пара само колку да лапне некој денар (квалитетот на сработеното ќе биде срање ама тоа е тоа). Баш пред некое време на ит форумот еден дечко отвори тема во која цените му беа фантастично ниски (300 денари флаер), е така се убива квалитетот, и после тоа кога ќе му кажеш некому цена за флаер колку чини и времето потребно за да се среди нормално клиентот ќе рече ама овој за поевтино работи што доведува до тоа да се намали цената до некое ниво за да остане клиентот кај тебе. До сега се имам сретнато со вакви клиенти, после поговорката колку пари толку музика обично го менуваат мислењето.
март 02, 2011

janev said:

0
...
Тоа да, ама така е и во многу други професии, посебно оние што работат дома, еве на пример пошто и преведувам понекогаш иста е ситуацијата, ќе се најде некој шо преведува 50 денари страна. Обично најдобра тактика и „најбезболна“ е ако пример клиент ти каже дека некој веб страна прави за 50 евра само побарај контакт од него, ткави луѓе секогаш ќе се најдат smilies/smiley.gif
март 02, 2011

Daci said:

0
...
Abe se toa e ok ,no eve da ja zememe sostojbata na cenenjeto na trudot na dizajnerite od strana na lugeto vo nasava drzava.Mene licno sto mi se slucuva ,znaci zapoznaeni sme site so sostojbata vo drzavata ,so ekonomskata sostojba na lugeto i ne rabotime isto za site.Imas klient mu namaluvas na cena za Web sajt za da ne mu bide mnogu ,ako podocna nesto se premisli i promeni vo proektot ne mu naplakas ili mu naplakas mnogu malce ,ne mu naplakas trosoci i na kraj koga ke treba da plati pak ti vika mnogu e ova be.Prasanjeto e sto bi rekle site tie klienti koga bi rabotele po da receme nekoja normalna tarifa ,da im naplakjame se kako sto treba ,sto bi rekle togas koga ke ja vidat smetkata ???
Na ovoj pazar nema cena na trudot ,sekoj gleda da mu ispadne sto pomalku trosok a da ima vrven kvalitet.
март 03, 2011

janev said:

0
...
@Daci bash taka,zatoa i pokrenav inicijativa ushte lani za obedinuvanje na frilenserite i pravenje na standardi i principi za rabota. ednostavno da se zahstitime samite a i klientite da imaat pretstava kolku realno chini nashata rabota. http://dezen.mk/freelancer-des...ncers.html
bash proshlata nedela me baraa za promocija za nekakov nastan kade se barashe od logo, preku flaeri, broshuri, vizit karti, pokani, bilbordi, baneri...do web strana, newsletter i sl. ja dadov ponuda za koja klientot kazha deka nekoj seto ova ke mu go "napravel" za 15.000 denari ?!
kako sho kazha sekoj gleda da e pred se evtino, nema kvalitet tamu, duri i ona kolku pari tolku muzika, sega e muzika za site pari smilies/smiley.gif
март 03, 2011

Tawa said:

0
...
Jas so godini rabotam kako grafichar frilenser no poveke so obrabotka knigi, flaeri, bilbordi, sakam da pocnam so flesh baneri dali moze nekoj da mi kaze koja e cenata na izrabotka na eden flesh baner otprilika, najmnogu zatoa sto sum za toa da si bide edna cena .....
јануари 04, 2014

Tawa said:

0
...
Zdravo na site jas sum graficki dizajner frilenser so godini, no poveke rabotam so obrabotka na knigi, flaeri, bilbordi takvi raboti sakam da pocnam so flash baneri, bidejki sum za toa da se koristi ista cena, dali moze nekoj da mi kaze kolku odi cenata za izrabotka na flash baneri.. Fala poz
јануари 04, 2014

Пратете коментар
намали | зголеми

busy
Copyright 2014. Powered by danijanev.com