Летен пејзаж PSD
На почеток на летото, гага за вас имам прекрасен летен пејзаж во .psd фајл со сите лејери, за да може да го менувате и користите според вашите потреби. Сите елементи како сонце, отсјај, зраци, бои, сенки, дрвја, птици, балони...се одвоени и соодветно именувани за полесна манипулација.
Фриленсер и летниот одмор
За сите оние што работат од дома како фриленсери, одењето на одмори, посебно сега кога е сезона на летни одмори, знае да биде посложен процес, поврзан со повеќе планирање, и менаџирање на времето и проектите кои се во тек.
Меѓутоа со планирање однапред, и успешен баланс меѓу слободното време и работата може без многу дополнителни проблеми да си го испланирате вашиот одмор.
Најбитно е во секое време да ги известувате клиентите до каде сте со нивната работа, никогаш не оставајте ги тие да се прашуваат по неколку дена.
Бесплатни векторски мапи
Сигурно во досегашната ваша работа како дизајнер многупати ви потребало мапа на светот со сите земји. Наместо да губите време и барате соодветна, бесплатно за преземање ги имате двете векторски мапи на светот кои според мене се најквалитени и најчесто ги користам.
Страница 19 од 19