Сеп292010

Знаете дека сте дизајнер кога...

graphic_designer_rock_star_tshirt-p235539926595801195ohvp_400
Доколку сте дизајнер повеќе години, сигурно до сега имате развиено посебно чувство за естетика. Гледате на работите наоколу од еден друг аспект, забележувате детали кои другите воопшто не ги перцепираат или ги сметаат за небитни. Низ моето скромно искуство, одбрав неколку карактеристики и особини типични за еден дизајнер. За многумина можеби ќе звучи смешно, но ако се пронајдете во повеќето точки вие сте на добар пат да станете дизајнер. Еве мал дел кои одвоив само за вас.

Сеп272010

Совети за поголема ефикасност

885957_88262175PRVA
Сигурно доколку работите дома како фриленсер многу пати сте се нашле во ситуација да не ни забелележите кога отишол денот, а вие многу малку сте сработиле и покрај тоа што времето ви било добро изменаџирано. Понекогаш „ситниците“ по дома или надвор се токму оние што го „конзумираат“ нашето време за работа. На повеќе ќе може да прочитате неколку совети за да бидете поефикасни.

 
Сеп232010

Одолговлекување на работата

procrastination2
Најголемиот непријател на ефикасната работа е одолговлекувањето на истата. Сигурно досега сте се нашле во ситуација постојано да одложувате и да оставате за нареден ден некој проект или задача. Ова посебно се случува на фриленсерите. Кога работиме дома често изнаоѓаме изговори, често некои други ситници ни го одземаат вниманието.
За разлика кога сте вработиме со полно работно многу често имате претпоставен или шеф кој постојано ви дише во врат и сте под постојан притисок.
За да го победиме „одолговлекувањето“ мора прво да го разјасниме. Во битка не одиме ако не го проучиме опонентот.

 
Сеп172010

Free Friday (гратис иконки)

previewPRVA
Повторно за вас петочни гратис одлични социјални веб икони. И тоа вкупно 128 на број, 64 кружни и 64 квадратни. 

 
Авг302010

Како да покажете дека сте сериозен фриленсер

07-you-are-serious-freelance-design
Кога клиент сака да почне нов проект, кампања итн. од старт ние фриленсерите сме во една инфериорна ситација споредено со дизајн и маркетинг агенциите. Затоа и добивање на нови стабилни клиенти на почеток е многу потешко, мора да ја освоиме довербата на клиентот. Компанија или фирма секогаш барем во очите на потенцијалните клиенти звучи попрофесионална организација. Иако понекогаш е баш спротивното. Низ моето искуство по разноразни дизајн агенции од кои некои со постоење од над една декада имав прилика да видам од внатре дека не е баш така како што многумина мислеле. Професионалност на најниско можно ниво, тимска соработка скоро и да не постои, и да има се е само лоша глума, секој мисли дека го бива за се итн. Сигурно сте се нашле или сеуште се во иста ситуација.
Како и да е, подолу ќе споделам неколку совети за полесно освојување на нови клиенти и задржување на истите доколку сте фултајм фриленсер.

 

Страница 14 од 19

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons