Дизајн на инфографик

Инфографиците како техника се одамна во графичкиот дизајн, но најголема популарност и користење имаа во текот на минатата година. Кај нас срамежливо се појавуваат неколку обиди во последнава година, што секако е за пофалба, но сеуште како неистражена “техника“ се прават и доста грешки. Сметам дека експанзијата ќе продолжи и оваа година па затоа ќе се обидам колку можам да помогнам со мои совети.
Подобрете ја врската со вашите клиенти

Добрата и здрава комуникација во секој бизнис е од огромно значење и еден од критериумите за успех. Има едно непишано правило дека ниту една зделка или договор не пропаднал од премногу комуникација, туку обично тоа бива од недоволна и лоша комуникација. Ова посебно важи доколку сте фриленсер и градите врска со нов или постоечки клиент. Уште повеќе доколку клиентот е од странство. Затоа е важно на почеток да посветите повеќе време и енергија со секој нов потенцијален клиент, а и да се гради здрава врска со секој постоечки клиент.
Еве неколку совети како таа врска да биде успешна за вас и за вашите клиенти.
Како да останете open-minded дизајнер

Како креативци и дизајнери многу е важно да останете open-minded, посебно во овој свет на технолошки напредок, каде секојдневно мора да се учат и прифаќаат нови трендови. Да се биде open-minded значи да се биде и толерантен и самокритичен. 5 совети како да останете open-minded.
Што бараат клиентите од секој фриленсер?

За момент ќе се ставиме во обратна улога, т.е. во улога на клиент, да видиме на кратко како изгледа еден фриленсер од нивни агол и што всушност тие проверуваат и бараат од нас фриленсерите пред да почнат со склучување договори и стартување на проекти. Во морето од фриленсери, кое секојдневно расте, мора да се издвоиме ако сакаме да успееме. Има едно непишано правило дека успешен фриленсер не е оној со најмногу работа, туку оној кој го бие најдобар глас. Еве ќе земеме мал пример. Сте решиле да купите нов телевизор. Освен што ќе прочитате рецензии на интернет, ќе ги видите спецификациите, сепак вие голем процент во одлучувачкиот фактор давате на критиката на некој што купил ист таков и неговото искуство. Затоа на прво место би ги ставил токму препораките.
Подобрете ги вашите дизајнерски вештини

Стремежот на секој човек е константно подобрување на вештините во работата. Со тоа напредувате во вашата кариера и луѓето ја препознаваат вашата работа.. Ова важи и за фриленсерите. Ако немате работа со која би добивале унапредување и нови титули, не значи дека треба сеуште да тапкате во место. Напротив, во светот на дизајнот, секогаш има нешто ново. Нови форми на изразување, нови стилови, нови компјутерски програми итн. Затоа е многу важно да ги следите новините и со тоа да ги надрградувате вашите вештини како дизајнери. Подолу се 5 кратки совети како да го направите тоа.
Страница 1 од 13
























