Експресивно моќни портрети на Денијел Tунстал
Danielle Tunstall e фотограф од Британија која е позната по своите шокантни фотографии на портрети. Реални лица со реални експресии. Најчесто на бела позадина и црно бела техника, со есктра фотошоп ефекти. Ниту еден модел не е професионално ангажиран фото модел, туку се секојдневни луѓе. Најчесто реакција на повеќето од нас пред фото објективот е да се насмееме или да покажеме некоја смешна гримаса. Денијел го прави токму обратното, сака да ги извади оние најдлабоки изрази во нас, за кои не сме ниту знаеле дека ги имаме. Им вели на моделите сакам израз како да сакаш да ме убиеш. Портретите не треба да се само убави, и да ја покажуваат нашата пријатна и фина слика, туку да со емоции, силни емоции и чувства, не само убавото лице, туку низ тоа лице да се види дури и потсвеста на една личност. Погледнете на што мислам.
За да погледнете повеќе фотографии следете ја на твитер или станете фан на нејзината фејсбук страна.
