30 Фотографии со рефлексија

Фотографија со рефлексија е посебна категорија во фотографирањето, каде со помош најчесто на вода, но и стакло и огледала објектот или целата површина се рефлектира. На ваквите фотографии за да привлечат уште поголемо внимание им се додава сатурација, контраст или некој друг ефект. Најчесто објектите се само силуети при залез или вештачка светлина. Направив избор од најдобрите 30 фотографии со рефлексија.
Експресивно моќни портрети на Денијел Tунстал

Danielle Tunstall e фотограф од Британија која е позната по своите шокантни фотографии на портрети. Реални лица со реални експресии. Најчесто на бела позадина и црно бела техника, со есктра фотошоп ефекти. Ниту еден модел не е професионално ангажиран фото модел, туку се секојдневни луѓе. Најчесто реакција на повеќето од нас пред фото објективот е да се насмееме или да покажеме некоја смешна гримаса. Денијел го прави токму обратното, сака да ги извади оние најдлабоки изрази во нас, за кои не сме ниту знаеле дека ги имаме. Им вели на моделите сакам израз како да сакаш да ме убиеш. Портретите не треба да се само убави, и да ја покажуваат нашата пријатна и фина слика, туку да со емоции, силни емоции и чувства, не само убавото лице, туку низ тоа лице да се види дури и потсвеста на една личност. Погледнете на што мислам.
Минијатурни фотографии (tilt-shift) ефект

Овој вид на фотографии во последно време се доста популарни. Изгледаат толку реално што понекогаш навистина помислуваме дека е дел од некој минијатурен смален свет. Инаку денес ефектот почесто се постигнува софтверски наместо хардверски. Наместо изместен фокус, посебни леќи и посебни движења со камерата за креирање минијатурна сцена, сега може „рачно“ во Фотошоп или друг софтвер за обработка на фотографии, дури само со една акција. И мобилниве сега имаат посебни апликации за автоматско креирање на минијатурни фотографии. На повеќе погледнете избор од неколку највпечатливи.
Игра со светлината

Светлото во фотографирањето е една од најважните компоненти. Низ неколку одлични примери ќе видиме како со помош на светлината се добиваат неверојатно атрактивни ефекти. Со долги експозиции и од неколку минути, вие имате време со извор на светлина, лед диоди, батерии, искри итн да направите ремек дела. Ако ова го правите на ѕид и во неколку бои истовремено се добива светлосен графит. Иако звучи едноставно за оваа техника да се усоврши потребно е време.
Фотографиите на Андреа Ретинши

Андреа Ретинши е фриленс фотограф од Букурешт, Романија. Нејзините фотографии се живи, колоритни, интензивни и најважно од се имаат карактер, а не само модел за фотографирање. Погледнете повеќе од нејзиното портфолио на ДевиантАРТ каде има преку 1 милион прегледи или на Фејсбук.
Страница 1 од 5
