5 Ретро фонтови за логоа

Ретро логоата се доста модерни периодов и ги има насекаде. Она по што се специфично освен самиот ретро стил се и користените фонтови. Токму затоа денес одбрав 5 од најдобрите и најнови ретро фонтови, бесплатни, а сепак одлични за секаков ретро дизајн, посебно за логоа.
5 најдобри веб страни за бесплатни фонтови

Многу често ми се случува да ме прашуваат дали преку твитер или имејл за некој фонт, каде може да се најде, дали е бесплатен и слободен за употреба. Затоа денес за вас ги одвоив 5-те најдобри места онлајн за бесплатни фонтови специјално за дизајнери. Кога велам за дизајнери, значи фонтовите се навистина квалитетни и уникатни. И што е најдобро, повеќето сосем бесплатни. Ова ми се омилените 5 веб страници за фонтови.
10 уникатни дизајнерски фонтови

Од фонтови никогаш доста. Реченица која често се слуша меѓу дизајнерите. Изборот на фонт за било каков дизајн може да биде пресуден во сите дизајни, посебно во типографските. Секогаш во такви моменти ни фалат фонтови, сакаме комбинација меѓу 3-4 фонта и затоа често и сами правиме карактери по наша желба и потреба. Затоа денес има 10 уникатни фонтови за збогатување на вашата и така голема колекција верувам. Уникатноста лежи и во тоа што фонтовите се професионално изработени и некои од нив се одлична замена за веќе постоечки познати фонтови кои се плаќаат.
ТипограФонтови

Најпрвин да направиме една битна разлика за сите што до сега се бунеле со термините типографија и фонт. Наједноставно кажано, фонтот е дизајн на букви и карактери, додека типографијата е умешност креативно да се изменат тој фонт односно одредени карактери и глифови. Графичарите не ретко успеваат да пронајдат карактер на интересни места. Значи не само менување на распоред, големина, дебелина, кернинг...туку целосно нов концепт на дизајн, типографски дизајн. Едно е да дизајнираш фонт, а сосем друго типографија. Така на пример, типографија може да креира и цртач на графити или стрип цртач, но за да дизајнираш фонт од нула е сосем друго. Токму такви бест оф уникатни типографски ремек дела следуваат.
10 бесплатни фонта со поддршка што секој дизајнер треба да ги има

Ова е прва гостинска статија на дезен.мк . Во прилог се 10 одлични фонтови што секој дизајнер би требало да ги има, уште повеќе секој македонски дизајнер бидејќи фонтовите се со македонска поддршка. Целосната адаптација и обработка на фонтовите е направена од Небојша Гелевски - Бане, графичкки дизајнер и фонт манијак. Значи сите заслуги се негови, а вие кажете фала со тоа што ќе почнете да го следите на твитер, бидејќи секогаш има нешто интересно да сподели, посебно од областа на типографијата и фонтовите. Навистина се разноврсни и се надевам ќе ви помогнат во вашите дизајни. За симнување само клик на сликата.
Страница 1 од 3
