Контроверзни реклами (јануари)

Еден од начините да се привлече внимание со помош на рекламите е моментот на шок до екстремност. Без разлика дали се игра на зборови или контроверзни слики...ако ни го задржи вниманието, не подзамисли па дури и згрози, тогаш првичниот ефект е успешен. На повеќе 50 најконтроверзните реклами.
Подобрете ја врската со вашите клиенти

Добрата и здрава комуникација во секој бизнис е од огромно значење и еден од критериумите за успех. Има едно непишано правило дека ниту една зделка или договор не пропаднал од премногу комуникација, туку обично тоа бива од недоволна и лоша комуникација. Ова посебно важи доколку сте фриленсер и градите врска со нов или постоечки клиент. Уште повеќе доколку клиентот е од странство. Затоа е важно на почеток да посветите повеќе време и енергија со секој нов потенцијален клиент, а и да се гради здрава врска со секој постоечки клиент.
Еве неколку совети како таа врска да биде успешна за вас и за вашите клиенти.
Best of Street Art 2011

Уличната уметност како баланс на корпорациските дизајни и брендови дефинитивно ја одбележа 2011-та на глобално ниво. Не само во стилот и реализацијата туку уличните уметници за тоа не бараат никаква надокнада. Таа тенденција е во постојан раст и се почесто алтернативните уметници за свое „платно“ ги бираат улиците, ѕидовите, и останатите јавни простори за изразување на креативните идеи. Во продолжение само мал (па и не толку мал :) дел од најдобри „улични“ дела.
Креативни новогодишни дизајни

Новогодишните и Божиќните празници се пред нас. Време за новогодишни дизајни, честитки, календари и сл. Овојпат наместо класичните и помалку досадни дизајни, нешто ново, невообичаено и смешно. Новогодишни принтови кои ќе ве насмеат.
Шокантни и помалку страшни принтови

Еден од методите да се задржи вниманието во рекламирањето и маркетингот воопшто е шок факторот, односно маркетинг кој ќе го изненади, шокира, исплаши...па дури и згрози гледачот. На повеќе дел од најдобрите.
Како да останете open-minded дизајнер

Како креативци и дизајнери многу е важно да останете open-minded, посебно во овој свет на технолошки напредок, каде секојдневно мора да се учат и прифаќаат нови трендови. Да се биде open-minded значи да се биде и толерантен и самокритичен. 5 совети како да останете open-minded.
Креативни реклами (декември)

Последна тура за оваа година на креативни принтови. Уживајте и споделете :)
Само за дизајнери (pantone производи)

Сигурно веќе знаете што е пантонска карта, а можеби и имате ваш омилен пантон. Затоа во сезона на подароци еве што да побарате од вашите најблиски. Неколку производи инспирирани од пантон бои.
5 Ретро фонтови за логоа

Ретро логоата се доста модерни периодов и ги има насекаде. Она по што се специфично освен самиот ретро стил се и користените фонтови. Токму затоа денес одбрав 5 од најдобрите и најнови ретро фонтови, бесплатни, а сепак одлични за секаков ретро дизајн, посебно за логоа.
Нови етикети и шишиња за пиво

Етикетите за пиво и вино се посакувано платно за дизајн за секој дизајнер. Овојпат ќе се задржиме за оние за пиво, некако ми се поомилени :)
Се почесто се избегнуваат стандардните класични етикети и на сцена стапуваат модерни и минималистички дизајни, типографски и со чисти бои, дури и самите етикети се избегнуваат и се дизајнира директно на шишето, без никакви ограничувања. На повеќе дел од најновите уникатни етикети и шишиња на пива.
Уникатни маички отсега и кај нас

Пред неколку недели твитнав за тоа дека се спремам нови дизајни на маички, со оригинална македонска тематика, и навистина се изненадив од тоа колку заинтересирани имаше. После неколку дневни консултации за дизајни, бои, големини и нивна подготовкам одлуката е донесена. И така, од денес дел од моите дизајни на маички ќе може да ги најдете во Ultradesignshop во Скопје. За сите кои не знаат, Ultradesign е специјализиран шоп за маички, кои нуди уникатни, квалитетни и несекојдневни дизајни, и кој се издвојува од сите останати веќе видени и познати клишеа од дизајни. И што е најбитно, сето ова по навистина ниски цени. Погледнете на повеќе дел од дизајните.
Креативни и нови принтови (октомври)

Свежи и најнови креативни принт реклами за месец октомври
Страница 1 од 22

























